Солзавец врз демонстранти против посетата на Меркел на Грција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Грчката полиција употребила солзавец врз левичарски демонстранти кои протестираа против посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина. И покрај забраната за демонстрации во центарот на градот во текот на дводневната посета на Меркел, неколку десетици луѓе успеале да го пробијат полицискиот кордон пред да бидат истуркани од полицијата. Нема извештаи за повредени или уапсени. За безбедноста во Атина за време на посетата на Меркел се ангажирани 2 илјади полицајци, хеликоптери и дронови, додека некои улици и метро станици се затворени. Грците ја обвинуваат Меркел за мерките за штедење воведени поради големиот финансиски долг на земјата.

slobodnaevropa.mk

Share.