Солистите на МОБ.пред битолската публика

0
586

НУ. Центар за култура – Битола ја заокружи годината со „Концерт на солистите на операта“, . На програмата беа дела од Дворжак, Штраус, Чајковски, Верди и други, а ги изведоа: Александра Лазаревска Василев, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ, Зоран Даскаловски, Ана Ројдева, Катерина Стојановска, Невен Сиљановски, Марија Наумовска и Никола Стојчески,  со пијано придружба Елена Сиљаноска.

Освен со овој, битолската публика последниве денови од годината ќе може да ужива и со концертите на Камерниот оркестар на Битола, како и со „Новогодишната џез бајка“, со која ќе се заокружи сезоната во Народниот театар.