На солунското пристаниште, во контејнер со банани што пристигнал од Латинска Америка, биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин. Четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација, се уапсени. Дрогата била наменета за Грција и европските земји, пишува МИА.
Според истрагата, обвинетите формирале криминална мрежа и од почетокот на ноември 2024 година се занимавале со трговија со кокаин од Латинска Америка, користејќи морски пат за транспорт. Кокаинот бил криен во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока.
Операцијата е резултат на соработка меѓу грчката полиција и DEA, а истрагата продолжува.
Фото: МИА












