Сомнежи за убиство и самоубиство за смртта на брачен пар во Прилеп

0
2310

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство станува збор за убиство и самоубиство, oбјавуваат медиумите.

Станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на  81 годишниот сопруг под балкон од зграда.

Во станот на брачната двојка е пронајдено и телото на 78 годишната сопруга.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.