ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 10 СТЕПЕНИ

Утрово -6 степени во Берово, -4 во Битола, -3 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, -2 Тетово, Лазарополе, Демир Капија, -1 Маврови Анови, Дебар, 0 Скопје-Зајчев Рид Крива Паланка, Виница, Попова Шапка, 1 Охрид, Претор, Крушево, Куманово, 2 Гевгелија, 6 Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно ведро, со појава на магла по одделни котлини. Хоризонталната видливост во Битола и Д.Капија изнесува 50м. Во повисоките места и во Гевгелија дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика условите за магла да се намалат, така што ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени. Во Битола до 10 степени.