ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 17 СТЕПЕНИ

Утрово -3 степени во Берово,  -2 Маврови Анови, -1 Крива Паланка, Претор, Битола, Попова Шапка, 0 Тетово, Прилеп, 1 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, 2 Демир Капија, Струмица, Велес, Кавадарци, Крушево, Куманово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Битола до 17 степени.