Утрово 0 степени во Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 4 Тетово, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Лазарополе, 6 Прилеп, Маврови Анови, Попова Шапка, 7 Штип, Охрид, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 9 Гевгелија, Виница, 10 Крушево, 11 Куманово, 12 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена облачност. На места дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, најизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.












