ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 23 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени во Берово, 2 Лазарополе, 3 Битола, 4 Маврови Анови, Тетово, Струмица, 5 Крива Паланка, 6 Прилеп, Штип, Демир Капија, Скопје-Петровец, Попова Шапка, 7 Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Гевгелија, Куманово, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Виница, 10 Дојран.

Во текот на ноќта преовладуваше ведро време, а утрово е сончево со мала локална облачност. Понекаде дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.