ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 25 СТЕПЕНИ

Во изминатите 24 часа до утрово до 8 часот најмногу дожд наврна во Виница 12 л/м2, 9 во Крива Паланка, 8 Струмица, 5 Д.Капија, Охрид, 3 Крушево, Прилеп, Претор, Пожар, 2 Ѓуриште, Маврово, 1 Пожаране, Дојран. 

Утрово најструдено со 7 степени беше Берово, 8 Крива Паланка, Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола,  10 Прилеп, Охрид,  Крушево, Тетово, Куманово, 11 Маврови Анови, 12 Гевгелија, Штип, Претор, Скопје-Зајчев Рид, 13 Дојран, 14 Струмица, Демир Капија.

Во текот на ноќта облачноста се намали и во поголем дел од земјата беше ведро. Утрово е сончево со мала до умерена облачност, а во Струмица има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска сончево со умерена облачност. Во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната темпертура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 25 степени.