ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 4 СТЕПЕНИ

Утрово -7 степени на Попова Шапка, -5 Крушево, -4 Маврови Анови, -3 Берово, -2 Скопје-Петровец, Штип, Виница, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка, Охрид, 0 Демир Капија, Претор, Прилеп, 1 Кавадарци, Велес, 2 Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 км/ч. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Битола до 4 степени.