Утрово најстудено со 3 степени беше во Берово, 5 Лазарополе, 6 Битола, Маврови Анови, 7 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Струмица, 9 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Крушево, 10 Гевгелија, Дебар, Куманово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 13 Дојран.
Во текот на ноќта и утрово преовладува умерено облачно време, а наместа има и зголемена облачност. Во делови од Скопската Котлина има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени. Во Битола до 22 степена.












