Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Утринската во Битола околу 12, а дневната до 28 степени.
Во следните денови времето ќе биде повремено нестабилно, но и понатаму со сончево периоди и топло. Во вторник претежно во северните делови и во среда од пладневните часови ќе има појава на краткотраен поро деножд проследен со грмежи и краткотрајно засилен ветер понекаде со поинтензивни процеси. Утринската температура во поголемиот дел од населените места нема многу да се менува.












