Сончево и малку потопло

0
238

Времето денеска претежно сончево и малку потопло, со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Од вторник ќе е посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка.