ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ

Вчера во Битола беа измерени 34 степени.

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Битола до 35 степени.

УВ индексот 8.

Во текот на работнава седмица ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени.

Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.

Од среда во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.