Утрово 4 степени во Берово, 7 Лазарополе, 8 Попова Шапка, 9 Маврови Анови, Битола, 10 Тетово, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, 12 Крушево, Охрид, Демир Капија, Штип, 13 Гевгелија, Дебар, 14 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, 15 Прилеп, Дојран, 16 Велес, 17 Виница.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово е сончево и свежо.
Сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Битола до 28 степени.












