ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 24 СТЕПЕНИ

Утрово беа измерени 4 степени во Лазарополе, 5 Берово, Попова Шапка, 8 Битола, Струмица, Охрид, Претор, Крива Паланка, Крушево, Маврово, 9 Тетово, Гевгелија, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Демир Капија, Штип, Дојран, 12 Виница.

Во текот на ноќта и утрово времето беше малку до умерено облачно, а изутринава ведро. Дуваше слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од југоисточен правец.

Времето денеска сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени. Во Битола до 24 степени.