Утрово 2 степени во Берово и Битола, 4 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Демир Капија, 6 Прилеп, Штип, Гевгелија, 7 Крива Паланка, Лазарополе, Маврови Анови, Претор, Охрид, 8 Скопје-Зајчев Рид, 10 Дојран, Виница, 11 Попова Шапка, 13 Крушево.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури од 20 до 28, во Битола до 25 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и топло време. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и значително посвежо време.












