Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Дневните температури од 28 до 37 степени, во Битола до 34.
УВ индексот 8.
До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.












