ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ДО 24 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени во Берово, 2 Лазарополе, 3 Попова Шапка, Маврови Анови,  4 Скопје-Петровец, Битола, 5 Крива Паланка, Струмица, 6 Охрид, Демир Капија, Тетово, Велес, Крушево, Претор, Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Гевгелија, Штип,  Кавадарци, 8 Дојран, Виница, 10 Дебар.

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Изутринава е насекаде сончево. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во Битола до 24 степени.