Сончево и топло за утрешниот 1 мај

0
407

Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските температури од 6 до 13,  а дневните од 24 до 31 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде претежно стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд.

Во среда ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.