Сончево и топло, попладне дожд

0
419

Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Т-мин. од 2 до 9 а т-макс. од 18 до 25 степени.

 

Во наредните денови  ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Во планинските подрачја кон крајот на  работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи