Сончево и топло

0
261

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневна температура ќе изнесува од 23 до 30 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне се очекува локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток. УВ-индексот ќе биде 6.

Продолжува периодот на топло време, со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови. Повеќе услови за нестабилност има утре на исток и североисток и во понеделник. За време на викендов долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе засилува.