Сончево, попладне со локален дожд и грмежи

0
173

Сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Т-мин. од 6 до 14, а т-макс. од 23 до 29 степени.

Времето во наредните денови:Продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.