Утрово 2 степени во Лазарополе, 3 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Охрид, Крушево, 7 Битола, Тетово, Претор, 9 Прилеп, Берово, 10 Крива Паланка, 11 Скопје-Петровец, 12 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 13 Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, 14 Дојран, Демир Капија.
Најмногу дожд 21 л/м2 наврнаа во Пожаране, 13 Охрид, 8 Попова Шапка, 7 Тетово, Битола, 6 Лазарополе, Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, 5 Претор, Прилеп, 4 Тополчани, 2 Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Берово, Дојран, 1 Скопје–Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Виница.
Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Утрово е сончево со мала до умерена облачност, а во источните делови имаше изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно неврем со услови за изолирана појава на град, особено во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Битола до 21 степен.












