Утрово -1 степен во Берово, Лазарополе, 0 Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Маврово, 2 Тетово, Претор, 3 Крушево, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, Охрид, Струмица, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Виница, 6 Битола, Дојран, 8 Гевгелија.
Во текот на ноќта облачноста се намали, па утрово преовладува сончево време со мала локална облачност и свежо.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност и значително потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Битола до 21 степен.












