Сообраќајка кај Дреново, укинати забраните за Буково и Ѓавато

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 10:10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп кај мотел Дреново поради случена сообраќајна незгода сообраќајот се одвива по една коловозна лента со неизменично пропуштање.

Од 07:30 часот се укинуваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Буково и Ѓавато.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан се укинува во 10:30 часот.

Во 11:15 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража сеуште се на сила.

Сообраќајот на патните правци Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар се одвива отежнато во зимски услови и задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Share.