Сообраќајка кај Макази

0
1116

Вчера околу 18 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина на крстосница „Макази“ на почетокот на местото викано „Сопотски ливади“, дошло до судир помеѓу патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице од с.Подмочани, ресенско и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице од с.Долно Оризари, битолско. Од судирот, возачот на возилото „Даеву“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициста станица Ресен.