Сообраќајка кај Тополчани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска нешто после пладне на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани се случи сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно моторно возило.

Според информациите од портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова се судриле Мерцедес со ресенски таблички и товарно возило марка МАН со струмички регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот, кој е хоспитализиран.

Според полицијата немало повреди кај возачот на товарното возило, но и тој бил пренесен в болница, велат од СВР Битола.

фото: пресс 24

 

Share.