Сообраќајка на Ѓавато

0
1877

Заради сообраќајка на планинскиот превој Ѓавато има прекин на сообракајот од 16:10 мунути, потврдија од битолската полиција.

Од 17:30 часот патот е пуштен само за лесни возила, а продолжува забраната за тешки.

Од полиција велат дека патот бил затворен заради излизган шлепер на коловозот.

На сила е и забраната за тешки товарни возила и на Ѓавато, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково.

До крајот на денот времето ќе биде облачно, во западните делови со повремени врнежи од снег, вдолж Повардарието од дожд а во иаточните делови на Македонија врнежите ќе бидат претежно од дожд но на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег. Обилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог, а снежната покривка се очекува да се зголеми за 38см нов снег. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.