Од автомотосојузот на Македонија информираат дека во 17.35 сообраќајот на преминот Буково на патот Ресен-Охрид се одвива наизменично по една коловозна лента.
Од 18:00 часот патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос е нормализиран.
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово
- Охрид – Кичево (Пресека)
- Кичево – Гостивар (Стража)
- Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
- Битола – Ресен (Ѓавато)
- Ресен – Охрид (Буково)
фото: Илустрација












