Сопругата на Трамп Помладиот заврши во болница откако прими писмо со бел прав

0
591

Ванеса Трамп, сопругата на синот на американскиот претседател Доналд Трамп, е одведена во болница во Менхетн откако во нејзиниот стан пристигнало сомнително писмо со неидентификувана содржина.

Писмото било адресирано до нејзиниот сопруг Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател и неговата поранешна жена Ивана.

Од претпазливост три лица од станот биле одведени во њујоршка болница по отворањето на писмото. Нема индикации дека некој добил некакви последици и нема доказ дека писмото содржело какви било опасни супстанци.

Портпаролот на њујоршката полиција дополнително изјави дека материјата во писмото била безопасна и испратена е на понатамошна анализа.

Полицијата и Тајна служба го истражуваат инцидентот.

Трамп Помладиот е најстариот син на американскиот претседател, а со Ванеса се венча во 2005. Двојката има пет деца, а не се знае дали некои од нив било дома во времето на инцидентот.

њњњ.мкд.мк