Малта и соседството најатрактивни за 8-ми Март

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Светската закана од ширењето на коронавирусот не ги спречува битолчанки да си се почастат со по некој пакет аранжман за празникот на жената 8 ми март. Порано се знаеше, од работа со жените, колективно во кафеана повеќето од дамите ќе си го одбележеа празникот, денес се почесто жените се одлучуваат да го одбележат 8 ми март надвор од нашата држава така што и годинава заканата од коранавирусот неможе да ги сопре битолчанки.

„Иако сите разговаараат за тоа ,слушаат, се плашат, немаме ниту едно откажување на патувањата, посебно не за 8 ми март. За подалечните патувања имавме препораки од одредени тур оператори да не се патува, да се откажат патувањата, посебно во земјите каде што е проширена вирусот “, вели Никола Митревски од ТА „Ариес“- Битола.

Од ТА „Ариес“ која од неодамна и со своја локација на Широк Сокак велат дека блиските дестинации и годинава се најатрактивни .Турција, Црна Гора, Србија, Грција, но имало интерес и за Малта. Велат дека жените знаат да одберат , кога се работи за нив, и знаат да потрошат.

„Најбарани се ниско буџетните аранжмани, до кај некаде 100-тина евра, но се продаваат и авионските програми како Малта“, вели Митревски.

На прашањето колку мажите знаат да ги изненадат своите сопруги со понудените аранжмани и тури во европските метрополи, Митревски со одговор:

„За жал битолчани не сме толку романтични да издадеме ваучер па да го презентираат дома така со некое цвеќе, тоа многу ретко ни се случува, едноставно тоа оди на класичен начин, еве можеш да се запишиш и да си одите со пријателките или со колегите од работа да одите на прослава на празникот“, рече Митревски.

Како и да е. Остануваат уште две недели за да се размисли каде и како ќе се одбележи 8 ми март. Меѓународен ден на жената е светски празник  што се одбележува секоја година на 8 ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Share.