Состанок на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија на денешниот состанок во Сараево ќе разговараат за Стратегијата за проширување на ЕУ во Западен Балкан. Исто така ќе стане збор и за подготовките на претстојниот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што на 9 и 10 јули ќе се одржи во Лондон. Ова е втор ваков министерски состанок во рок од еден месец. Претходниот беше во Софија. На денешниот состанок ќе учествува и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, како и генералниот директор на ЕК за соседска политика Кристијан Даниелсон.

slobodnaevropa.mk

Share.