Состојбата во Битола стабилна, но не и во Прилеп и Кавадарци

Прилеп, Охрид и Кавадарци се градовите каде има зголемување и на бројот на новодијагностицирани од Ковид 19, но и зголемување на бројот на хоспитализации на инфективните одделниеја. За разлика од овие градови состојбата во Битола е релативно добра.

Евидентно е и зголемувањето на бројот на нови случаи на Ковид 19. Британскиот сој детектиран во Прилеп, Охрид, а и во Кавадарци има зголем број на новорегистрирани случаи.

 

Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани пациенти. Најголем присуство се бележи во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Мора да останеме внимателни и да ги почиутваме мерките, рече викендов министерот Филипче.

Јануари пак беше месец каде што бројките беа добри и влеваа надеж дека полека излегуваме од кризата.

Иако состојбата е стабилна, британскиот сој побрзо се шири и мора да превенираме евентуален нов бран со строго почитување на препораките. Министертвото будно ја следи состојбата и доколку е потребно соодветно ќе реагираме, рече Филипче.

Сподели