Состојба на патиштата

0
248

На 22.03.2018 година од 05:30 часот сообраќајот на магистралниот пат „Гостивар – Кичево“ и обратно, преку планинскиот превој Стража во двата правци е воведена забрана за ТМВ.Oд 06,20 часот на регионалниот пат Дебар-Маврово и обратно, поради обилни врнежи од снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ. Забрана за движење на тешки товарни возила и за патнички возила без зимска опрема има на патот до Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.