Соученички брутално претепаа девојче во Неготино

0
665

Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.

Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки.

– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

Директорот откри дека децата што тепаат биле  всушност проблематични и за нив и претходно имало изречени мерки.

Снимката која вчера беше јавно објавена на интернет мрежата „Јутјуб“,  денес е недостапна за гледање.