СОУ Таки Даскалот ги подготвува учениците од текстилната насока за реалниот моден свет, а по завршувањето и отворање на сопствен бизнис

Текстилната насока во средното општинско училиште Таки Даскалот последните години има реформирани наставни програми и моментално запишуваaт ученици во два смера-
техничар за дизајн на облека и техничар за изработка на облека. Програмата ги оспособува учениците за дизајнирање на нова мода, да изградат сопствен стил, да стекнат знаење
со кое ќе бидат подготвени за реалниот моден свет а по завршувањето на средното училиште се спремни за отварање на сопствено модно ателје, и започнување на сопствен бизнис.
Тимот кој работи со учениците од текстилната насока , и кој ги реализира сите активности го сочинуваат Анита Стефановка, дипломиран текстилен инжинер технолог и информатичар, Драган Николовски, дипломиран текстилен инжинер технолог, Ема Ќука, ликовен уметник и Живка Танушева Ицаноска дипломиран конфекциски инжинер технолог. Неодамна тие организираа една активност која решивме да ја споделиме.
Сподели