Софија Ристевска Петрушева со премиера во Охридскиот театар

0
306

Стаклена менажерија е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Ова е само дел од најновата претстава по текст на Тенеси Вилијамс,
на режисерката Софија Ристевска Петрушева, чијашто премиера беше викендов на сцената на охридскиот театар НУЦК. Григор Прличев.
Премиерата беше изведена на 7-от роденден на Охридскиот театар.
Во стаклена менажерија играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипроски.
Кореографијата е на Кире Миладиноски кој со Ристевска соработува долги години.
Преводот го  направи Јасмина Петровска, сценографијата  Михаел Димитровски,
костимографијата е на Андреј Папаз Ѓоргиевски.