Социјална помош, просечна плата, праг на сиромаштија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бројот на приматели на социјална помош во Битола како најголем град во Пелагонискиот регион бил најголем во 2015 година, дури 2222 лица. Во истата таа година и Прилеп имал најголем број приматели на социјална помош 1786 случаи. Карактеристично е што во Прилеп за една година тој број се намалил само за 10, додека пак во Битола бројот на приматели на социјална помош во следната 2016 година се намалил за дури 1142 лица, односно речиси половина од бројката во 2015. Драстично намалување може да се забележи и во Ресен. Ако таму во 2015 година тој број бил 413, во следната година имало само 121 случај. Наспроти овие намалувања бројот на случаи во 2016 се зголемуа во Демир Хисар и Крушево.

Бројот на социјално исклучени граѓани во двата најголеми центри во Пелагонија е обратен. Ако во Битола тенденцијата е на намалување на вакви случаи во периодот од 2013 до 2015 година, во Прилеп има тренд на зголемување. Ако во Битола во 2013 имало 80 случаи следната година биле 74, а во 2015 тој број се намалил на 42. Обратно пак во Прилеп од само 25 во 2013, во 2016 пораснала бројката на 61 случај.

Прагот на сиромаштија има тенденција на опаѓање од 2013 до 2015 година. Очигледно е намалувањето на лица кои живеат под прагот на сиромаштија во Пелагонија.

Најниската просечно исплатена нето плата во Пелагонискиот регион е регистрирана во 2014 година и изнесувала 19.591 денар, а претхдната година била повисока за само 249 денари. Во 2015 се зголемила на 20.222 денари, а во 2016 пораснала за плус 378 денари.

Во Пелагонискиот регион очекувано најмногу градинки има во Битола, во две установи има вкупно 15 градинки, а со тоа опслужуваат 1420 деца. Прилеп е втор по големина центар со 5 градинки каде можат да се сместат 770 деца. Зад нив е Ресен со две, а по една има во Кривогаштани, Демир Хисар и Крушево. Останатите општини од Пелагонија немаат градинки под капа на држвата односно општините.

За разлика од градинките, во сите девет Пелагониски општини има основни училишта. Најмногу во Битола и Прилеп, каде бројот на опслужени жители односно ученици е 7759 за Битола и 6785 за Прилеп, Во Демир Хисар има 15, Крушево 10, Ресен 21, Могила 15, Новаци 9, Долнени дури 22, а во Кривогаштани 9 основни училишта. Во руралните средини бројот на ученици во парарелките е далеку помал од оној во градовите.

Од девете општини, само во 6 од нив има средни училишта. Битола е најгоем образовен центар за средно образование. Има седум средни училишта со 3771 ученик, на второт место е Прилеп со 6 училишта кои опслужуваат 3233 жители. По едно средно училиште има во Демир Хисар, Крушево, Ресен и Долнени.

Универзитетски центар во Пелагонискиот регион е Битола со еден државен универзитет и факултети и во Битола и Прилеп.  И во двата градови има плус дисперзирани парарлеки од високообразовни институции од Кичево, Велес, Штип и Скопје.
Деветте факултети во Битола опслужуваат 2960 жители, а во Прилеп 1133.

Овој вид податоци овозможува и правење на споредбени анализи не само за овие девет општини од Пелагонија, туку и за останатите од Македонија. Анализата за Пелагонискиот регион ја праше МКЦ Битола во рамите на проектот за „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.

Share.