ТЕРА

REKLAMA???

СОЊА ЛОЗАНОВСКА ПРОМОВИРАШЕ ДВЕ НОВИ ПЕСНИ СНИМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ се наслови на песните кои познатото дуо Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, ги снимија во нашиот град. Текстовите се на Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски.

Песната „Боже правда нема“ доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце.

„Наменета е исклучиво за нашите македонци коишто имаат корени од Егејскиот дел на Македонија, но се разбира и за пошироката јавност, но тие најмногу ќе ја почувствуваат и најмногу ќе допре, а и во Канада каде што живееме во Торонто и околината, најголемиот дел од иселениците се токму од Егејскиот дел на Македонија со коишто имаме една прекрасна соработка, музичка и духовна конекција“, рече Лозановска“.

Во песната „Боже правда нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски. Во песната гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет и Филип Нуневски на труба, како и Галоп Битолска Коњаница.

„ Втората песна „Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика, со мотиви од родниот крај, опејување на нашата носталгија, верувам дека сите ја разбираат и тие што се тука, но и ние што сме надвор од Македонија“, додаде Соња.

Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестановски на зурла.

И двете песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари.

Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев.

Соња Лозановска е препознатливо лице во Битола, а и во целата држава. Естраден уметник и новинар. Во ТВ. Тера работеше скоро 8 години, како заштитно лице на главните телевизиски вести Актуел, за што вели биле најубави години од нејзината кариера.

Веќе 18 години живее и работи во Торонто Канада, како главен и одговорен уредник на месечниот весник „Македонија“, весник кој ја сплотува македонската заедница во Канада, чии страници се исполнети со активностите и животот на нашинците таму.