Со битолчанецот Мартин Николовски за неговите студии во Анкара

0
1536

Уште како тинејџер на своја 13 годишна возраст седна на новинарското столче. Го гледавме во 2 сезони во децката емисија „ Детски парламент“ на ТЕРА . Денес на своја 20 годишна возраст е далеку од својата родна Битола, на студии по новинарство на Гази Универзитетот во Анкара Турција. Вели кога е човек одлучен ништо неможе да го одврати од неговите намери.А како почнува неговата приказна?

-Кога дојде време каде професионално ќе се насочам, тогаш мојот избор беше новинарството.Еден мој пријател кој веќе студира во Труција ми кажа дека има програма во која што Турција како Република доделува стипендии за странци од целиот свет, и тогаш јас поднесов апликација и чекав да бидам примен. Најпрво имавме интервјуа кои се одржувааа во Скопје , со луѓе од Анкара ги правевме интервјуата, потоа по две недели полагав и приемен испит, па го чекав конечниот резултат, а пак во меѓувреме во Турција се случи она што се случи , како што знаеме имаше воен удар, така да резултати немаше се до крајот на август, и во меѓувреме се запишав во Македонија на Правен факултет , за ден потоа да добијам резултати и да ми соопштат дека сум примен во Турција, изјави Мартин Николовски, студент

Вели дека е голем предизвик да се студира на Универзитетот Гази, бидејќи е еден од најдобрите универзитети во Турција кој што се наоѓа на Шангајска листа.Од десогашното студирање бил задоволен. Уште во првата година од студиите, студентите реализарале практична настава. Практичната настава се реализирала 2 месеци во текот на една година која била платена. Веќе втора година живее во Анкара. Вели дека секој почеток е тежок, најголем проблем му претставувало јазикот, бидејќи како што вели Турците како нација многу малку зборувале англиски јазик.

-Кога отидов таму да живеам на подолг временски период се соочив со големината на градот, нели Анкара е шест милионски град, меѓутоа со текот на времето се навикнав , ја истражував, па сега слободно можам да бидам туристички водич на Анкара затоа што го знам секое ќоше. Секој почеток е тежок, така и мојот почеток беше тежок , бидејќи отидов во земја каде што многу малку зборуваат на англиски јазик и поради тоа ми беше тешка комуникацијата, меѓутоа една година го изучував турскиот јазик во специјален центар со странци од целиот свет, и сметам дека многу подобро се изучува јазик кога си во самата земја, вели Мартин Николовски студент

Вели дека Турција со Македонија покрај различностите има многу заеднички нешта, како што се храната, Кемал Ататурк и турските серии.

-Странците за Битола воглавно не знаат, но кога ќе кажам дека сум од Битола тогаш не постои Турчин кој не знае за нашиот град, нашиот град е особено познат во Турција особено затоа што во Битола се школувал таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк, така во Турција за нашиот град граѓаните учат уште од најмала возраст во историјата. Исто така нашиот град популарност доби по турската серија што се снимаше во нашиот град „Збогум Румелија“ , но и во филмот „Ататурк“ е опеан шадрванот што е во центарот на Битола,  рече Николовски.

Соработката со Тера Телевизија продолжува и во иднина.

-Особена чест и задоволство ми е да соработувам со вашата телевизиска куќа и всушност куќата од која што јас започнав , со тоа сакам да ја доближам и турската култура и да им пренесам на нашите сограѓани колку турската култура е блиска нашата, вели Николовски.

Кога го прашаваме каде ја гледа својата иднина, вели дека сеуште е рано за тоа да се говори. Доколку добие можност за вработување во Анкара можеби ќе остане таму, но не ја исклучува можноста за враќање во Битола, и својата кариера како новинар да ја гради тука. На идните студенти им порачува секогаш да ги следат своите соништа, да бидат упорни и да не се откажуваат, затоа што секогаш упорноста победува.