Со „Болка и слава“ ќе започне 40. „Браќа Манаки“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 14 до 21 септември во Битола ќе се одржи 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а на денешната прескомференција каде се обратија Директорот на фестивалот Гена Теодосиевска, уметничкиот директор Благоја Куновски – Доре, амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера и советничката за култура при Општина Битола Евгенија Бекташ Јосифовска, од Директорката Теодосиевска беше посочено дека за свеченото отворање во Битола на 14 септември ќе биде прикажан шпанскиот филм „Болка и слава“ (Pain and glory), по режија на Педро Алмодовар и кинематограферот Хозе Луис Алкаине кој воедно и ќе ја посети Битола за време на фестивалот.

После проекцијата на филмот „Болка и слава“ на свеченото отворање, следува уште една проекција во 00:00 часот по полноќ, која како што посочи Теодосиевска доста скап момент заради авторскиот хонорар, но е на задовослтво на битолската публика.

Теодосиевска се заблагодари за поддршката од екипата која работи на „Манаки“, а поголемиот дел како што вели се битолчани, и додаде дека напорно работат да битолчани фестивалот „Манаки“ го почуствуваат како свој.

Се обрати и Амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Емилио Лоренце Сера кој истакна дека е среќен што ова издание на Манаки се отвора со шпански филм.

На ова издание најавен е уште еден специјален гостин, ирскиот сценарист и режисер Џим Шеридан.

Од 14 до 21 септември Битола по 40. пат ќе живее со филмската магија на фестивалот Манаки под мотото „Tell the clouds“ (Кажи им на облаците).

Share.