Со Валер Џековски од Велушина за соработката со Хемометал

47 годишниот Валер Џековски од с.Велушина заедно со своите двајца браќа обработува 35 хектари земја. Сама 4 хектари е нивна сопственост,а за 26 хектари плаќаат кирија.Цел живот велат дека се занимаваат со земјоделие, нивите исклучиво ги садат со пченка, а скоро целиот принос го користат за храна на стоката. Имаат штала со околу 80 тина крави молзни, дел со телиња кои им даваат околу 300 литри млеко дневно.

 

За обработка на земјата им е потребна и соодветна механизација. Соработката вели со Хемометал им трае со години. Го поседуваат еден од постарите модели на трактори од брендот Солис. Откако ја виделе разликата колку брзо, квалитетно и со помал трошок ја обработуваат земјата во споредба со претходниот трактор, во 2019 набавуваат уште еден трактор исто така од брендот Солис од Хемометал.

Освен тракторите во нивниот двор речиси и да нема механизација која што ја немаат, од приколици, тањирачи, плугови, сеалки, утоварачи, па до машина за молзење на кравите.Целата механизација им е набавена од Хемометал.

 

Земјоделието е вели тешко и мачно.Некоја година ќе се погоди ќе имаме поголем принос, а некоја вели послабо. Но мора вели нешто да се работи, бидејчи единствената егзистенција им е од земјоделието и сточарсвтвото.И покрај тоа сточарството и земјоделието вели е тешка работа, не се откажува. И во иднина заедно ќе продолжат да ја водат битката.

Во знак на долгогодишната соработка и лојалност од страна на компанијата Хемометал Валер Џековски доби плакета.

Сподели