ТЕРА

REKLAMA???

СО „ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ И „КАРМЕН“ ЗАПОЧНУВА ИНТЕРФЕСТ БИТОЛА

Со изведбите на „Валпургиска ноќ“и „Кармен“во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, во Центарот за култура, денес во Битола започнува 31.издание на интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ. Сценографијата за претставите е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска. Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен” на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ” на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Македонската опера и балет.

 Овие две претстави иако и досега биле поставувани, а сега битолската публика ќе ги погледне во едно ново руво, со една современа нота, поинаку од она што било работено некогаш.

Во периодот до 12. октомври на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, годинава освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.

Во рамките на годинешното издание е и ликовната изложба „Пат за Дихово” на Миливоје Новаковиќ Кањош, од Србија, претставата на Ларс Норен: „Демони” во режија на Васил Христов и во изведба на Битолскиот театар, поетската вечер со Славко Јаневски, на која ќе настапи актерот Петар Мирчевски. Тука е и дисперзираниот концерт на Лучиано Помпилио, гитара, Италија кој беше изведен во Национална галерија „Даут Пашин Амам”, Скопје. Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА кој традиционално се одржува во октомври, е основан во 1992 година . 

Со своите врвни уметнички дострели Интерефст Битола, придонесува за растежот на културното живеење на градот и Македонија, но и за афирмацијата на македонската музичка култура во светот.