„Со велосипед на работа во зима“ по четврти пат во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во Македонија се одбележува интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day) на иницијатива на движењето „На Точак“.

Во одбележувањето на овој ден се вклучија и министерството за животна средина и просторно планирање, министерството за образование и наука, Град Скопје и уште неколку општини.

Акцијата има за цел да ги мотивира грашаните, институциите, фирмите, кафулињата, улилиштата да го прифатат предизвикот и со велосипед да отидат на работа или училиште, бирајќи го тоа превозно средство како нов современ урбан стил на добро живеење.

– Досега се пријавени повеќе од 11.374 велосипедисти испраќајќи ја пораката дека и во зима може да се вози велосипед, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

https://a1on.mk

Share.