ТЕРА

REKLAMA???

СО ГЛАСОВИТЕ НА ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА, ОПОЗИЦИЈАТА СТАВИ ТОЧКИ НА ДНЕВНИОТ РЕД

На денешната седница кога се усвојуваше дневниот ред, советникот од СДСМ, Методија Илиевски побара дополнување со неколку точки на дневниот ред за разгрешување на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

На ова реагираа од ВМРО ДПМНЕ, дека е спротивно на деловникот, притоа советникот Ѓорѓи Ѓоргиевски цитираше член од Законот за јавни претпријатија.

Беше побарана седница на статутарната комисија, а потоа точките беа ставени на гласање. За дополнување на дневниот ред со овие точки гласаа советниците од СДСМ и коалицијата, ПОИНАКУ и Левица, а против беа советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.