Со години не плаќале даноци, а спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот

Џеф Безос и Илон Макс, во изминатите 15 години избегнувале даноци.

Безос, основач на Амазон и најбогатиот човек во светот, не платил федерален данок на доход во 2007 и во 2011 година.

Основачот на Тесла, Илон Маск, втор на листата светски милијардери, избегнал да плати данк во 2018 година.

Прочитајте и: Таа е можеби најстарата жена на светот

Исто било и со Мајкл Блумберг, инвеститорите Карл Ајкан и Ворен Бафет, како и финансиерот Џорџ Сорос, при што последниов успеал да избегне уплата на федерален данок на доход три години по ред.

Податоците од ИРС укажуваат дека најбогатите луѓе плаќаат сосем мали суми споредено со нивното богатство, и тоа се прави легално. Тие користат стратегии за избегнување данок недостапни за обичните луѓе. 

Сподели