ТЕРА

REKLAMA???

СО ГОРАН ПИНЗА, НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БИТОЛСКАТА ЛДП

И сакал и прифатил да биде прв човек на битолската ЛДП, вели во интервју за Актуел на Тера телевизија, Горан Пинза кој пред неколку дена беше избран за претседател.

Пинза беше на кандидатската листа за советници на Коалицијата на ЛДП и ДОМ на последните локални избори.

Претходно како граѓански активист беше дел и од протестите со кои се бараше почист воздух во Битола.

Вели дека ќе се бори за сите оние проекти кои беа ветени и на локалните избори. Со него зборуваме и за тоа каква е и каква треба да биде соработката меѓу локалната и централната власт кога во ситуација се управувани од две спротивставени политички опции.