Со Дац и Александар на Преспаленд на Конект бич во Сливница

Летово во Преспа се случува првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата „Преспаленд“. Таму синоќа имаше голема музичка забава. На плажата Конект бич во Сливница, дуото Дац и Александар, а потоа и Владо Јаневски.

Во денешниот Ритам на градот за првиот дел од забавата со Дац и Александар кои му се спротивставија на пандемијата со двете песни „Корона чао“ и „Вакцина“.

Драган Спасов-Дац е актер и признава дека тешко му било да седи дома, да не е на театарските штици, но времето го искористи да биде дел од актуелноста и на некој начин да го подигне заедно со Александар расположението кај јавноста во цело време на пандемијата, односно затвореноста, изолацијата и црните дневни статистики.

Со него зборуваме и за тоа на што се не научи целата таа ситуација и како беше одеднаш сите со се, да се преселиме на интерент.

Сега заедно со Алекдандар Митевски ја крстарат Македонија. Со нивните настапи даваат една свежина на пандемиското сивило.

Рекоа дека прават песни за градовите во Македонија. Ќе има и за Битола.

И на двајата, велат им се допаѓа Преспа. И го поздравија ова што се случува летово, добра забави и промоцира на Преспа и Преспанското езеро.

 

Ова беше дел од годинашниот Преспаленд, утре во оваа емисија ќе се дружиме со Владо Јаневски.

Сподели