ТЕРА

REKLAMA???

СО ДОНАЦИИ АКУШЕРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ДОБИ НОВ ЛИК

Акушерското одделение во Клиничка болница Битола доби нов лик. Одделот е комплетно реконструиран, со нова инфраструктура, топлотна пумпа, нови санитарни јазли и инвентар во сите 8 болнички соби .

Сегашните услови, како што беше речено денеска, овозможуваат раѓањето, но и претстојот во болница на идните мајки и нивните новороденчиња да е пријатен и тие да добијат квалитетна здравствена нега. Проектот е реализиран со помош на бројни донатори, но и посветеноста на раководството и персоналот.

Покрај родилките придобивки од оваа донација има и персоналот,кој е во можност непречено да им излезе во пресрет на пациентките и нивните потреби, но и да работи во современи услови.

На денешната свеченост, беа присутни и бројните донатори.

Индикатори кои зборуваат за ефективноста на ова одделение се над 7500 прегледи на годишно ниво, 360 операции, 417 мали интервенции и 487 раѓања во 2023 година со тенденција на зголемување на обемот на работа.За таа цел во претстојниот период најавена е и реконструкција на приемната амбуланта и салите за мали интервенции.